Сив џинс- Полн погодок за оваа сезона
Во златната средина помеѓу вечно модерните фармерки и црните панталони, се наоѓа сивиот џинс.
Во новите колекции за есен 2021 владеат повеќе модели на фармерки во светли и темни сиви тонови, а нивната прилагодливост е она што сите го обожаваме.
Добро стојат со сите дезени, неутралната и есенската палета на бои и секако – со црната кошула или црното сако. Дали ќе ги комбинирате со патики, салонки или чизми, вам ви оставаме. Но секако ќе изгледате прекрасно.
Погледнете неколку наши предлози како може да ги носите со џемпер, маичка или кошула: