Модната куќа “Инвента” со уникатна гардероба за модерни трендсетерки | Trendseteri
Menu

Модната куќа “Инвента” со уникатна гардероба за модерни трендсетерки

Модната куќа “Инвента” со уникатна гардероба за модерни трендсетерки

 

 

Моделите Илариа Кирилов, Марија Давчевска, Антонија Локвенец, Ива Михајловска, сестрите Арбенита и Фатљуме Исмаили, Мартинија Георгиевска, Ана Тошевска и Ажда Агуш позираат во ултра модерни, уникатни парчиња гардероба, за добар вечерен и денски стајлинг. Модната куќа “Инвента” која произведува и промовира своја женска уникатна гардероба, овој пат излезе со својата нова колекција пролет-лето 2017 со интересни парчиња гардероба во пролетни бои.

Матурските прослави се ближат, свадбите и свечените забави се повеќе се на број, летните журки само што не започнале, па девојки доколку сакате да бидете уникатни и тренди, еве шанса да  решите која комбинација ќе ја одберете за вас. Прекрасните девојки во фотосесијата ќе ви бидат инспирација да го одберете правилно вашиот new fashion look.

Фотографиите се направени од познатиот фотограф Стефан Соколовски, додека за шминката се погрижи Фросина Ангеловска од студио “Fran”.

Модната куќа “Инвента” постои од 1989 година. Основата е со голем ентузијазам, и во тоа време е меѓу првите на модното поле. Од првиот момент до ден денес работат само со природни материјали, памук, лен, свила на кои им додаваат нивна нота која се состои со уникатен и оригинален дизајн и носивост, која никогаш не ја запоставиле. Затоа кога се подготвувате за некоја (свечена) забава потребен е професионалец кој ќе ви го направи фустанот по ваша замисла. Најубав фустан е оној во кој жената најубаво се чувствува. Тука е модната куќа “Инвента” која ви нуди доверба.  “Инвента” се наоѓа на 3-та МУБ бр.1 во Куманово.