Модерни бејзбол капи за жени | Trendseteri
Menu

Модерни бејзбол капи за жени

Спој на вечната класика со нешто што е ново и модерно

 

Бејзбол капите од уличен street style во Америка прераснаа во тренд кој стана омилен на многумина. Овој моден додаток кој порано важеше за спортски стил, сега го освојува модниот свет поради својата функционалност и практичност.

Овој тренд оди до тамо што можете да го комбинирате и со класично одело или некој заводлив фустан. Спој на вечната класика со нешто што е ново и модерно. Светските модни блогерки и инфлуенсери најдоа совршено решение како замена на летните шешири – тоа се бејзбол капите.