Бидете подготвени за модерен февруари | Trendseteri
Menu

Бидете подготвени за модерен февруари

Овој период од годината во вашиот плакар морате да ги имате овие парчиња


Оваа сезона модните трендови се феноменални, а одредени работи не би требало да недостигаат во вашиот плакар. Токму овие парчиња облека ќе ви овозможат да бидете модерни во текот на оваа зима. Модните трендови за овој период, всушност се знаат од летото, а овој пат дизајнерите дадоа сѐ од себе. Новите модни колекции се прекрасни, полни со стил и елеганција. Дизајнерите пронашле инспирација на разни теми, но многумина од нив целосно се препуштиле на винтиџ модели.

 


Чизми над колена

Чизмите над колена се задолжителни кај сите модерни девојки во текот на есенската сезона. Тие се многу женствени и одлично ќе се вклопат во секоја модна комбинација. Доаѓаат во сите бои и сѐ е дозволено.


Плетени фустани

Плетените фустани се задолжителни за оваа сезона. Изгледаат необично, ретро, но секси. Овие фустани се совршени за комбинација со хеланки и високи потпетици. Комбинирајте и уште некоја соодветна чанта и ќе изгледате феноменално.


Ретро мода

Ретро модата во текот на оваа година беше насекаде присутна, па ниту есенските колекции не ја изоставија. Постојат многу различни стилови и сите се феноменални, а заради различностите во колекциите, користењето на бои, материјали и дезени се исплати да ги чекате овие студени месеци. Помеѓу сите парчиња облека, веќе неколку се наметнале како „задолжителни“ за оваа сезона. Еве што не би смеело да недостига во вашиот плакар.


Кадифени фустани

Луксузниот материјал и оваа сезона се враќа на големата врата. Иако ќе биде присутен насекаде, во облик на панталони, блузи, чизми и модни додатоци, сепак најголемо внимание ќе привлечат прекрасните кадифени фустани.


Кожа

Доколку зборуваме за кожните парчиња облека, можеме да заклучиме дека тие се луксузни, убави и прилагодливи. Оваа есен кожата ќе ја гледаме насекаде – здолништа, хеланки, чанти, обувки, каиши… Не е важно дали станува збор за брусена или мазна кожа, вистинска или вештачка.


Чизми до глуждови со висока потпетица

Чизмите до глуждови со висока потпетица се нешто што секоја жена мора да ги има во текот на оваа есен. Овој вид обувки се женствени, ги издолжуваат нозете и ви даваат елегантен изглед. Што уште ви е потребно? Доаѓаат во сите можни дезени и бои, за да одговараат на секоја можна модна комбинација и желбите на сопственичките.