Модели на јакни што ќе ги носиме преку цела година | Trendseteri
Menu

Модели на јакни што ќе ги носиме преку цела година

Кога ќе се спојат естетиката и фунционалноста

 

Кога купуваме јакни, првото нешто што го приметуваме е нивната естетика, но освен тоа многу важна ни е и нивната практичност. Затоа издвоивме неколку модели кои се убави, практични и што е најважно – можат да се носат преку целата година.

 

Кожно сако

 

Модел кој го носеле и нашите мајки, а сега повторно е светски тренд во модниот свет. Затоа овој модел е широко прифатен од страна на трендсетерките бидејќи им одговара во секоја комбинација.

Твид јакни

Овие модели на јакни можете да ги комбинирате во безброј варијанти. Парче кое секоја жена треба да го има во својот гардеробер, па доколку сеуште не сте го купиле, сега веќе знаете што треба да направите.

Сафари јакни

Овој модел е идеален за секоја кежуал комбинација и така вашиот аутфит ќе биде оригинален дури ако носите само тренерки.

Кошула-јакна

За сите кои уживаат во удобноста, овие јакни се полн погодок. Додајте кожни чизми и интересна чанта и ќе имате одлична комбинација за било која дневна или вечерна прилика.