Модели од кои ќе ви застане здивот | Trendseteri
Menu

Модели од кои ќе ви застане здивот

Овие јакни ќе ги носиме во пролет!

 

Кога се во прашање јакните, сезоната пролет/лето 2020 ни нуди голем број на модели што ќе ги обожаваме. Од една страна се моделите инспирирани од 90-тите, а од друга страна се женствените твид модели.

 

Кожни блејзери

 

Кожните блејзери беа голем моден хит на почетокот на 90-тите години. Трендсетерките како Бела Хадид веќе почнаа да го носат овој модел на јакна, а воглавно се работи за предимензиониран крој.

Твид јакни

 

Овој модел на голема врата во модата го воведе Коко Шанел и од тогаш не го напуштаат модниот трон. Посебно се тренди оваа пролет.

Сафари јакни

 

И оваа сезона сафари јакните ќе владеат со модната сцена. Беж, маслинесто зелена и сите кафеави нијанси се боите кои ќе бидат посебно ин. Овие јакни се најпрактични бидејќи можете да ги комбинирате скоро со се.

Бомбер јакни

 

Тенките сатентски бомбер јакни кои се наменети за потоплите месеци се едни од најпосакуваните за оваа пролет.