Модата на Британските Модни Награди 2019 | Trendseteri
Menu

Модата на Британските Модни Награди 2019

Наоми Кемпбел, Ријана, Ирина Шејк, Џулија Робертс…

 

Големата ноќ на британската модна индустрија ги привлече најдобрите модни дизајнери, креатори, џетсетери, модели, стилисти, новинари, модни уредници, актери, музичари и фотографи во Лондон.

Вчера беа доделени Британските модни награди на најуспешните за годинава што веќе изминува.

Настанот се одржуваше во Ројал Алберт Хол во Лондон, а во центарот на вниманието беа Наоми Кемпбел и Џорџо Армани, кои добија награда за нивното животно дело.

Наоми Кемпбел на доби наградата за Модна икона, Адут Акич беше прогласена за Најдобар модел, Сара Џејн Буртон, креативниот директор на Alexander McQueen беше прогласена за водечко име во модната индустрија.

Bottega Veneta најмногу блесна на црвениот ќилим. Имено, ја доби наградата Најдобар бренд на годината, потоа се закити и креативниот директор на Bottega Veneta, Даниел Ли, кој до пред една година беше сосема непознато име во модниот свет, за Дизајнер на годината. Тој исто така прими уште две награди, за Дизајнер на годината за женска гардероба и Дизајнер за аксесоари.

За Најдобар урбан луксузен бренд на црвениот ќилим, сосема очекувано, првото место го доби Fenty на Ријана.

Ремо Руфини од Moncler ја прими наградата за Бизнис лидер на годината, а за Џорџо Армани беше резервирана наградата за животно дело.

Црвениот тепих на British Fashion Awards оваа година беше неверојатен, со врвни впечатливи стилски погодоци.

Модната икона Наоми се појави со долг проѕирен фустан украсен со скапоцени камења. Оваа 49-годишна дама го дополни својот стајлинг со дијамантски обетки, нараквици и прстени, а нејзините сандали со сребрен детал, совршено се вклопија со нејзината комбинација.

Покрај Наоми, на оваа свечена вечер најмногу внимание со нивниот изглед привлекоа Ријана замотана во сатен, Ирина Шејк, Џулија Робертс, Кејт Бланшет и Никол Шерцингер.

Погледнете ги најдобрите модни изданија на познатите на доделувањето на наградите во Лондон.