Заблескајте како холивудските ѕвезди
Баш како што се цветните фустани идеални за пролет, така овие со шљокици се резервирани за „party“ сезоната.

А никогаш толку не се забавуваме како во зима, и тоа баш во декември.

Доколку во вашиот плакар немате нитуеден фустан што „шљашти“, време е да инвестирате во еден и тоа што побрзо, затоа што Нова Година е на прагот.

Ако ви е многу да светкате од глава до пети, одлучете се за некое светкаво палто, блуза или панталони, а можете и да се облечете потполно едноставно и да облечете чевли кои светкаат (еден од водечките трендови за зима 2018/2019).

Затоа што светкавите работи се комбинираат најубаво со црна, златна и сребрена боја, модните дизајнери оваа година ги пришиваа на разни модели и бои.


Photo: Getty Image