Мода и психологија на бои | Trendseteri
Menu

Мода и психологија на бои

Што кажува вашата омилена боја за вас?

 

Дали и вие припаѓате во групата на луѓе кои и покрај тоа што имаат облека во најразлични бои, сепак на крај се одлучуваат за една иста?

Без разлика за каква пригода се работи, веројатно има некоја боја која секогаш ја бирате на прво место и најлесно ви е да ја искомбинирате.

Можеби во таква комбинација се чувствувате најсамоуверено, ви стои најдобро или пак најдобро ги крие недостатоците.

Независно која е причината, токму таа боја ве открива вас и вашиот карактер.

Погледнете што открива за вас вашата омилена боја без воопшто да сте свесни:



Црна

Црната боја очекувано, се сфаќа премногу сериозно. Според многу истражувања, докажано е дека луѓето оваа боја ја гледаат како знак за престиж, моќ и интелигенција.

Луѓето кои ја ставаат оваа боја на прво место се амбициозни, но и чувствителни и лесно може да бидат повредени, иако даваат сè од себе да го сокријат тоа.



Кафеава

Кафеавата е боја на земјата, а важи за симбол на рационалност, увереност, цврстина, стабилност и интелигенција.

Токму затоа луѓето со овие карактеристики може да бидат забележани во кафеави комбинации.



Сина

Сината боја покажува самодоверба и сигурност, па токму затоа се препорачува и за професионални настани и состаноци.

Оваа боја ја бираат љубезни, чувствителни и срамежливи луѓе, кои во оваа боја се чувствуваат смирено и сигурно.



Зелена

Зелената боја е позната по нејзиниот смирувачки ефект кој предизвикува убаво расположение.

Луѓето кои ја носат оваа боја на облека најчесто водат активен живот, живеат во пријатна околина и се финансиски стабилни.



Виолетова

Оваа боја уште од многу одамна се поврзува со кралските семејства и високите друштва, а симболизира софистицираност, богатство и луксуз.

Луѓето кои ја носат оваа боја се емотивни сонувачи, кои се многу непредвидливи, но и склони кон креативноста и уметноста.



Црвена

Познато е дека оваа боја симболизира моќ и страст, па облеката во црвена боја привлекува многу внимание.

Луѓето кои ја носат се енергични, возбудливи и секогаш во движење, иако може да важат и за егоцентрични склони на пороци.



Жолта

Впечатлива боја која буди расположение, среќа и ја зголемува концентрацијата и вниманието.

Луѓето кои ја преферираат оваа боја на облеката се активни, посветени и креативни личности кои сакаат авантура и се подготвени за нови искуства и освојувања.



Бела

Белата боја симболизира слобода, чистота, невиност и едноставност, па многумина купуваат облека во оваа боја кога почнуваат нешто ново.

Оние кои често ја носат се самоуверени луѓе кои сакаат слобода и на животот гледаат со оптимизам, иако заради неутралност ја бираат различни типови на луѓе.



Портокалова

Боја која носи позитивно расположение и важи за топла и опортунистичка.

Оваа боја ја носат весели, креативни и атрактивни луѓе, кои се полни со оптимизам, енергија и радост и се секогаш подготвени за промена.



Сива

Сивата боја е симбол на смиреност и зрелост, а поради нејзината неутралност тешко е да се одреди карактерот на личноста која ја носи.

Таа претставува баланс помеѓу темното и светлото, а може да ја носат луѓе кои се водат по правила и не сакаат да привлекуваат многу внимание.



Розова

Розовата боја е симбол на флертот, но и на детството, а важи за боја со смирувачко дејство.

Возрасните кои ги бираат неутралните нијанси на розова се женствени дами кои зрачат со смиреност и топлина.