Минијатурни чантички | Trendseteri
Menu

Минијатурни чантички

Нов тренд кој освојува сè повеќе модни икони

 

Додека нашите телефони растат во големина, чантите стануваат сè помали. Можеби сте забележале дека минијатурните чантички се насекаде и веќе си имаат обезбедено место меѓу трендовите за 2020 година.

Кога Симон Порт го претстави својот модел на минијатурната чанта „Le Sac Chiquito“ на ревија на Жакмус во 2017 година, тој веднаш остави впечаток кај модните зависнички и покрај нефункционалноста. Следната година, речиси сите манекенки дефилираа на пистата со мини чанта, презентирајќи ја колекцијата за сезоната есен/зима 2018 на францускиот моден бренд. Славни личности како Ријана, Пријанка Чопра, Бијонсе, Кендал Џенер и Ким Кардашијан веднаш ги сместија малите чантички во своите плакари.

Голем број брендови како Шанел и Долче и Габана го прифатија овој тренд и им го понудија на нивните клиентки. А најпознатата мини чанта доаѓа од модната куќа „jacquemus“.

Слатки и лесни, но со намалена функционалност и практичност… Или ќе го сакате или веднаш ќе го отфрлите овој тренд: