Мина Блажев ќе нè претставува на јуниорскиот евросонг 2017 со “Dancing through life”
Нашата млада и талентирана Мина Блажев, која има 14 години, ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг во Тбилиси, Грузија, со песната “Dancing through life” (“Со танц низ животот”).
Песната е комплетно авторско и продуцентско дело на Александар Масевски, додека видеозаписот е изработен од страна на режисерот Чедо Поповски.