Michae Kors: 4 клучни совети за совршен изглед на секоја жена | Trendseteri
Menu

Michae Kors: 4 клучни совети за совршен изглед на секоја жена

Michael Kors дава 4 совети за жените, послушајте го и ќе изгледате совршено

 

Неговата филозофија е јасна и се базира на како што кажува тој „принцип од 360 степени“

Овој креатор познат е по тоа што во своите колекции дава големо внимание на шминката.

Еден од неговите заштитни знакови е тенот на неговата муза со брановидна коса, која вози спортски автомобил некаде на јужната пацифичка плажа или скија на Алпите.

Еве на кои работи Michael Kors инсистира.

Носите парфем секаде
Мојата девојка не се плаши да биде константно напарфимирана. Не е од оние кои на брзање ќе стават парфем пред да излезе од дома. Таа си игра со него во зависност од ситуацијата. Доволно е мудра да знае дека тоа е еден од најдобрите асесоари кои може да го носи. Доколку оди во теретана нанесува парфем во пределот позади колената, а ако оди на состанок или вечерно излегување е во прашање, става парфем на сите пулсни точки.

Бидете минималиста и максималиста
Јин и јанг правилото е секогаш присутно. Доколку имате впечатливо нашминкани очи, остатокот од лицето е неутрален. Ако сте се определиле за впечатливи усни, тогаш очите се неутрални. Во мојата естетика секогаш е присутен тој баланс, кои работите со мој потпис ги прави препознатливи. Можете да го носите најекстравагантниот пар панталони, но со едноставен џемпер.

Имајте го на ум силниот ефект на златото
Златото е трансформатор. Доколку ставите само малку златен сјај на лицето, ќе заблескате. Што се можат да направат златни обетки за вашето лице? Неверојатно. Исто така не мислам дека златото е резервирано само за вечерни излегувања и за црвен килим. Дури може да носите и златни патики. Го сакам она што се во состојба златните тонови да го направат. Опримистично, забавно и гламурозно. Сите изгледаат добро во злато.

Размислувајте за вашата тоалетна чанта како за светото тројство
Девојката секогаш треба да изгледа свежо, па така секогаш во својата јантичка треба да има бронзер, кој прави да изгледа здраво, како и квалитетен кармин со неутрален тон. Исто така задолжителен е парфем, тоа е на еден начин нејзин потпис, тој влијае на нејзиното расположение. Тоа се трите состојки кој секоја девојка треба секогаш да ги носи со себе, без оглед на тоа каде оди.