Мет Гала 2018 ја собра елитата на светскиот шоубизнис: Ријана, Кети Пери, Мадона… | Trendseteri
Menu

Мет Гала 2018 ја собра елитата на светскиот шоубизнис: Ријана, Кети Пери, Мадона…

Мет Гала 2018 ја собра елитата на светскиот шоубизнис: Ријана, Кети пери, Мадона..

 

Познатиот Мет Гала бал кој традиционално се одржува секоја година во Метрополитен музејот на уметноста во Њујорк, оваа година имаше исклучително интересна и провокативна тема: “Тела од рајот: мода и католичка фантазија”.

Оваа тема за многумина беше добар повод да се појават во креации кои привлекоа големо внимание на медиумите и јавноста.

Од Ријана, Сара Џесика Паркер, Џеј Ло, Мадона, Кети Пери, Амал Клуни и сестрите Адид, до Френсис Макдорманд, кланот Џенер-Кардашијан, Селена Гомез, Ирина Шајк, Џаред Лето, Бредли Купер – сите познати ставија костуми за балот.

На овој уникатен моден и ѕвезден спектакл се канат околу 600 луѓе, откако секој од нив плаќа по 25.000 долари. Не можете да купите покана, мора да бидете поканети.

Главен организатор на овој настан беше Ана Винтур, главната уредничка на “Vogue”, поради кој таа и се прослави во јавноста.

Погледнете ја галеријата, погледнете го спојот на католицизмот со модата, на религијата со кичот, ангелите со демоните, папата со монахињите, конзервативното со современото…