Традиционална српска кујна за вистинските гурмани | Trendseteri
Menu

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Месец посветен на српска кујна во FOUR

 

Kараѓорѓева шницла, српска салата, динстано телешко и други српски специјалитети овој месец ќе имате можност да ги вкусите во ресторан FOUR. Мени подготвено за вистинските гурмани и љубители на месо.

Месец ноември мастер шефот на ресторанот го посвети на традиционалните и познати српски специјалитети кои ќе ја збогатат понудата на ресторанот. Интернационалната кујна е веќе препознатлива за ресторан FOUR, кој секој месец има понуда од разновидни кујни инспирирани од земји низ светот. Мастер шефот Лефтерис Далагиоргос заедно со целиот тим на професионални кувари на овој начин му даваат “шмек” на ресторанот и автентичен дух. Богатата понуда на деликатеси овозможува секој да го пронајде својот омилен вкус и да проба традиционални специјалитети.

Вистинското гурманско задоволство не завршува тука. Покрај изборот на традиционални српски рецепти во FOUR има и понуда на српски вина од винаријата Темет, кои совршено го надоплнуваат секое од јадењата.

Не го пропуштајте српското интернационално мени кое ќе трае до крајот на ноември.