Mercedes во Formula E | Trendseteri
Menu

Mercedes во Formula E

 

Mercedes стартува од 2018та во Formula E

 

Mercedes-Benz објави дека ќе влезе во Формула Е шампионатот за 2018та година. Зошто? Бидејќи Мерцедес ГП и Формула Е потпишаа договор кој им овозможува на Мерцедес опција да влезат под нов запис, да учествуваат во петтата сезона на трките на електричен погон во шампионатот, кое ќе се одвива помеѓу 2018 и 2019 година. Познато во петтата сезона е дека ќе има измени во тоа што наместо да има два автомобила на возач, ќе се сведе на само еден автомобил за еден возач во целиот настан. Мерцедес има за цел да се натпреварува на шампионатот, да се вклучи заедно со другите производители на автомобили како Jaguar, BMW, Renault и Audi. Исто така од Мерцедес се истакнува дека се во потрага на сите опции што ги имаат на располагање за да го направат и понудат најдоброто во шампионатот, и дека се многу задоволни со договорот што им обезбедува можност да влезат во петтата сезона.

Формула Е станува возбудлива мешавина на консолидирани производители како Renault, Citroen-DS, Audi, Mahindra или Jaguar, и нови футуристички брендови како Faraday Future, NextEV. За Mercedes-Benz ќе биде одлична можност да направи подигнувањето на стандардите во ова елитно натпреварување.