Меган Маркл во беспрекорно деловно издание | Trendseteri
Menu

Меган Маркл во беспрекорно деловно издание

Војвотката Меган Маркл се појави витка и облечена во сопствени креации


Војвотката од Сасекс, Меган се врати од породилното отсуство и продолжи да ги извршува кралските должности.

38-годишната поранешна актерка беше специјална гостинка на лансирањето на капсулна модна колекција за хуманитарната организација „Smart Works“, чија цел е на невработени жени да им обезбеди квалитетна облека и тренинг за интервју за работа.

Вовотката била облечена во бела кошула и црни панталони од самата колекција, во која се вклучени и сако, чанта и фустан.

За секое купено парче од колекцијата, едно ќе биде донирано во организацијата „Smart Works“ за да ѝ послужи на жена на која ѝ е неопходно да изгледа претставително на интервју за работа.

Станува збор за бела кошула и црни панталони, два модни класици кои, освен за деловни, поминуваат и во разни други прилики и секоја жена би требало да ги има во својот гардеробер. Стајлингот го надополнила со тенок кафен ремен, салонки со шпиц во истата боја и златни нараквици.