Меган Маркл во најелегантно издание до сега! | Trendseteri
Menu

Меган Маркл во најелегантно издание до сега!

Војвотката од Сасекс во тегет-црна комбинација

 

Војвотката од Сасекс повторно во центарот на вниманието. Имено, Меган заедно со нејзиниот сопруг, принцот Хари им оддадоа почит на загинатите во Првата светска војна, а нејзиниот аутфит не можеше да остане занемарен.

Војвотката Меган го спои, за многумина неспоивото – тегет и црна комбинација. Тегет капут со кајш во комбинација со црн фустан и чизми од брендот “Викторија Бекам”. Нејзиниот стајлинг беше заокружен со фасцинатор, дело на познатиот дизајнер Филип Трејси, кожни ракавици и минималистички make – up.

Chris Jackson/Getty Images