Слушнете ја Diamonds на Меган и Нормани | Trendseteri
Menu

Слушнете ја Diamonds на Меган и Нормани

Нов спот на Меган Ти Сталион и Нормани – Diamonds

 

Песната Diamonds на мега ѕвездите Меган Ти Сталион и Нормани која е дел од неодамна објавената плејлиста на филмот Birds of Prey со Маргот Роби во главната улога, излезе во етер со фантастичен видео спот. Во видеото заедно со прекрасните Меган и Нормани е и Маргот Роби во улога Харли Куин.

За нивниот аутфит кажува и насловот на самата песна – двете мега ѕвезди се накитени од глава до пети со дијаманти. Маргот Роби се појавува во стилот на жената која е синоним за безвременска убавина и сензуалност – Мерлин Монро и докажа дека дијамантите се најдобриот пријател на жената.

Сцената е инспирирана од настапот на Мерлин Монро за Gentlemen Prefer Blondes од 1953 година, “Дијамантите се најдобриот пријател на жената. 

Албумот на Birds of Prey ќе излезе на 7-ми февруари кога воедно ќе се емитува и премиерата на истоимениот филм.