Мажите полудуваа по Руби – Погледнете како денес изгледа згодната мексиканка | Trendseteri
Menu

Мажите полудуваа по Руби – Погледнете како денес изгледа згодната мексиканка

Мажите полудуваа по Руби – Погледнете како денес изгледа згодната мексиканка

 

 

Барбара Мори (40), мексиканска актерка која пред 10 години играше во популарната серија “Руби”. Неодоливата Барбара е вистинска заводница, како пред малите екрани така и во нејзиниот приватен живот. Атрактивната мексиканка и ден денес изгледа прекрасно.

Кариерата ја започнува како манекенка, а првата улога ја остварува во серијалот на телевизија “Астека”. Најголемата популарност во Мексико, но и на нашите простори, ја добива во улогата на серијата “Руби”.

Барбара Мори е се поупорна да го освои Холивуд. Позади нејзиниот успех на оваа актерка се крие борбата против ракот на дојка. Со неполни 30 години Барбара се соочува со канцер.

-Многу е тешко да се изговори: “Да, имав рак”. Поради некоја причина Бог ме стави на тест и јас успешно го положив. Се изборив со болеста, го победив ракот и продолжувам понатаму – рече Барбара.