Масажа на целото тело во “Релакс” Спа центар во ТЦ Бисер
Побегнете за миг од динамичниот свет кој нè опкружува и штетите што ни ги прави на нашето тело и ум, и уживајте во топлата бања, масажа со топли вулкански камења и сауна.
Позитивните ефекти на масажата се докажале во процесот на заздравувањето на телото, како и во јакнењето на имунолошкиот систем и овозможувањето на единство на духот, психата и телото.
Масажата е моќен лост во воспоставувањето на состојба на полна функција на локомоторниот како и на дел од кардиоваскуларниот и нервниот систем. Со немедицинските масажи цел е пред се да се постигне релаксација на дел или на целото тело. Овие масажи денес најповеќе се употребуваат за ослободување од стресот. Со спроведување на масажата опфаќајќи го целото тело изведуваме комплетна-релаксирачка масажа.
Само во “Релакс” Спа-центарот, кој се наоѓа приземје во трговскиот центар Бисер во населбата Аеродром.
Телефон за контакт: 078 383 342. Или…
… само со еден клик тука информирајте се на нивната фан страна на фејсбук и закажете си третман според вашите потреби и вашиот вкус. Девојките се навистина професионални, позитивни и насмеани и ќе ве услужат баш како што треба. Чувствувајте се подобро од било кога.