Марио Арангеловски со нов сингл “Чекаме да помине” | Trendseteri
Menu

Марио Арангеловски со нов сингл “Чекаме да помине”

Марио Арангеловски со нов сингл “Чекаме да помине”

 

 

Младиот и амбициозен пеач од Куманово (21), студент на филозовскиот факултет во Скопје, кој беше дел од неколку музички проекти во регионот и Македонија, излезе со нова песна “Чекаме да помине” зад која како комплетен автор стои Роберт Билбилов.

“Песната ја снимивме уште пред 1 година, кога излезов од првото музичко реално шоу во Македонија, На иста адреса, каде што всушност и се запознавме со Роберт. Оваа е храбра песна, и прва Македонска која нема строфи. Станува збор за светски призвук и летна димензија. Наскоро, ако се биде како треба, ќе излеземе и со видео запис, соодветен на самата мелодија” – изјави Марио за Трендсетери.

Во продолжение ви предлагаме да го слушнете новиот летен хит…