Марија Нацева со сребро на "Dubai Muscle Show" | Trendseteri
Menu

Марија Нацева со сребро на “Dubai Muscle Show”

Марија Нацева со сребро на “Dubai Muscle Show”

 

maca1Згодната русокоса, фитнес-моделот Марија Нацева ја претставува Македонија насекаде низ светот. Нацева, која во моментов е во Абу Даби, се закити со сребрениот медал односно го освои второто место во нејзината категорија на големиот интернационален настан настан “Dubai Muscle Show”, кој се одржа во Дубаи во “Dubai International Marine Club”. На овој настан присуствуваа и голем број светски познати имиња од светот на бодибилдингот и фитнесот, како: Ronnie Coleman, Jay Cutler, Sergi Constance, Ulisses Jr, Dragos Syko, Lazar Angelov, Andreia Brazier и многу други.

 

Марија изјави за трендсетери:

“Кога се гледате како успешен спортист а во исто време го имате достигнато врвот во сопствената земја и пошироко неколку години наназад, едноставно се јавува љубопитност за истражување на нови можности, надградување,  усовршување на способностите и квалитетот што го имате. Јас, како личност која е секогаш љубопитна и подготвена за нови предизвици се одлучив на ваков чекор, и моето истражување го започнав во Абу Даби. Овде сум веќе 4 ти месец и за овој краток период стапив во контакт со доста успешни спортисти и професионалци во својата бранша. Како личност која е лесно прилагодлива, пријателски настроена, секогаш енергична,  добив и доста понуди од светски познати брендови за што се надевам ќе имате информации во најблиска иднина.

maca14Со гордост можам да кажам дека завршив со Сребро, т.е Второ пласирана во мојата категорија. Во период кој беше навистина напорен за мене, период на промени, период на прилагодување и започнување на нов живот во сосем нова средина итн.. не попуштив и не се откажав во ниту еден даден момент. Ова е значаен за мене чекор за мојата кариера и како човек кој не се откажува секако дека моето искуство продолжува понатаму, а во иднина ќе ме очекуваат уште многу други натпреварувања. Може наредниот ќе биде во Лас Вегас, бидејќи веќе имам покана од менаџерот на светскиот првак во боди билдинг Jay Cutler. Секако ја имав и таа чест да бидам поканета и бидам дел од прекрасната вечера во друштво на многу славни атлети.

Мој совет Сакајте се себеси. Тоа е доволно за да започнете со било каков тренинг, тоа е доволно да започнете со здрав режим на исхрана.maca22 Сакајте го вашето тело. Негувајте го вашиот дух. Хранете се со позитивни мисли и емоции. Сакајте! Но пред се сакајте се себеси. Вие сте тие што треба да го превземете првиот чекор, вие сте тие што треба да го промените начинот на размислување и делување. Вие сте тие кои го живеете вашиот живот. Вие и никој друг. Тоа е само ваш пат и ничиј друг. И единствените промени што ќе Ви се случат во животот зависат токму од вашето делување. Не очекувајте другите да работат за вас, работете за вас самите и очекувајте резултати според влогот што сте го направиле. Бидете сами своја мотивација и инспирација. Визуелизирајте го вашето совршено тело. И секое утро будете се со позитивна мисла, затоа што Вие го можете тоа. Имајте самодоверба и никогаш не се откажувајте. Истрајноста и упорноста се тие што ќе ве доведат до крајната цел. Испробајте се себеси, поставете ја вашата цел, одете до крај и never give up” – изјави Марија Нацева екслузивно за Трендсетери.