Битолчанката Марија со гигантски чекор кон врвот | Trendseteri
Menu

Битолчанката Марија со гигантски чекор кон врвот

Младата поп-пејачка Марија Груевска, ја сними својата нова  песна „Срце како мраз“. Како автор на музиката се потпишува познатата пејачка Тамара Тодевска, текстот е на Ксенија Николова, со аранжманот на Роберт Билбилов. Марија  според музичките критичари, има фантастичен вокал и ги има ситеб адути да стане големо музичко име. Секој четврток таа и  гитаристот Давид  Гјоргиевски се дел од шемата на популарното „DejaVu“, свирејки странски и домашни хитови. Марија ќе настапи и на годинешниот „Мак фест“ во Штип.