Мали гради се повторно во мода | Trendseteri
Menu

Мали гради се повторно во мода

Сè поголем број на жени се заинтересирани за оваа операција

После многу години доминација на облините на Ким Кардашијан, малите гради повторно се враќаат во мода.

Сè поголем е бројот на дами кои се заинтересирани за смалување на големината на нивните гради, покажало неодамнешно истражување.

Истражувањето набљудувало што пребаруваат дамите на Гугл и изненадувачки е тоа што поголем број од нив барале намалување, наместо зголемување на градите, пренесува Дејли Стар. За еден месец, 22.000 пати било пребарувано на Гугл за смалување на градите, а само 8.100 пати за зголемување.

Веднаш после градите, трансплантацијата на коса се нашла на листата на најпребарувани козметички операции. Ова не е изненадување, бидејќи е сè поголем бројот на познати личности кои истакнуваат дека биле подложни на овој зафат. Вејн Руни, Калум Бест и Џо Сваш се само некои од оние кои јавно зборувале за интервенцијата.