Македонија на нозе, се слави победата на Вардар! | | Trendseteri
Menu

Македонија на нозе, се слави победата на Вардар!

Народот се разлеа на улиците низ Скопје, преполн Скопскиот плоштад

 

 

Ракометарите на Вардар за прв пат во својата историја станаа европски шампиони и со нивниот триумф во финалето во Келн испишаа историја во македонскиот ракомет. Историски ден во македонскиот спорт. Луѓето кои спонтано се собираа, како во главниот град така и во цела Македонија масовно излегоа на улиците и достоинствено ја прославија легендарна победа против големиот ПСЖ.

 Градот Скопје во вторник ќе го организира пречекот на нашите шампиони каде сите ќе имаме можност “црвено-црните” да ги дочекаме достоинствено.

Се слушаа викотници “Вардар шампиони” “Ајде ајде ајде Вардаре” на сите страни, 4 јули ќе остане запаметен во срцата на луѓето од целата држава… ден кога Вардар се качи на европскиот ракометен трон!