Мадона тоа го прави најдобро
Кралицата на попот Мадона Луиз Чикони без конкуренција е вистинска модна икона. Со нејзиното појавѕвање на музичката сцена во раните 80-ти, Мадона направи бум како во музичката така и во модната индустрија. Денес, години подоцна таа стана секс симбол, конроверзна до коска, премногу смела и своја. Во едно интервју ќе рече “ Доброто да си славен е тоа што светските дизајнери ќе ти даваат гратис гардероба“. Мадона досега има соработувано скоро со сите познати дизајнерски имиња од Жан Пол Готје, па се до Долче и Габана, Версачи, Прада , Луј Витон. Поп ѕвездата низ годинитеб стана моден бренд . Во какво издание и да се појави, после два часа тоа парче станува хит. Кралицата на попот лани извади своја колекција „ Материјална девојка“ по нејзиниот истоимен мега хит од 80-тите години од минатиот век. Едноставно таа тоа го прави најдобро.