Новиот MacBook Pro | Trendseteri
Menu

Новиот MacBook Pro

Apple го претстави новиот MacBook Pro со лента на допир

 

Apple го одржа својот настан на којшто како што беше очекувано, главната новина беше претставувањето на нова генерација од MacBook Pro.

Како и обично, настанот започна со говор на директорот Тим Кук кој го истакна досега сработеното, односно задоволството на корисниците од нивните производи. Беше споменат iPhone 7, неговата одлична камера, сликите кои ги имаат добиено од корисниците, Apple TV, Apple Watch и слично.

mac-inТим Кук не пропушти да „се пофали“ за брзото прифаќање на најновата верзија од iOS, а посебно во споредба со Android кои се’ уште не успеаја да го решат тој проблем. Сепак, да бидеме фер, на Android работат илјадници уреди, додека Apple има само десетина. Почетокот на презентацијата исто така беше искористен за истакнување на новини во Apple TV, поточно интеграцијата со Twitter со која корисниците може во исто време да следат програма и да ја следат листата со новости на социјалната мрежа.

Претставена беше нова апликација наречена TV, која ги прикажува сите работи кои корисникот ги гледа, односно може да ги гледа од сите ТВ апликации кои ги користи. На овој начин корисниците може да ја прегледуваат содржината од повеќе апликации, преку една апликација, односно преку едно централизирано место. Апликацијата е достапна на сите Apple уреди.

Како што се очекуваше, главната ѕвезда на овој настан беше новата генерација на MacBook Pro. Истиот е претставен на 25 годишнината на првиот Apple лаптоп, па од компанијата истакнаа дека ова е важен ден за нив. MacBook Pro ги има следниве карактеристики:

Нов алуминиумски дизајн и метал од страните 13 и 15 инчи големина Најтенкиот и најлесниот MacBook Pro Нов тракпад – 2 пати поголем Нова тастатура со Touch Bar како замена на копчињата за разни функции зависно од апликацијата што се користи, односно функции за интернет прелистувачите, Photoshop и слично Touch ID.