Луксузен Dior бутик во мексичката џунгла | Trendseteri
Menu

Луксузен Dior бутик во мексичката џунгла

Добредојдовте во светот на џунлата

Модната куќа од Парис, Диор, отвори своја нова pop-up продавница, во Тулум, Мексико со фантастичен дизајн на интериерот и необични излози кои одлично се вклопуваат со околината.

Оваа луксузна продавница за облека и модни додатоци со потписот на Диор блесна во мексичкиот град, во склоп на хотелот Азулик и инстантно го провлече вниманието на медиумите и љубителите на мода.

Француската модна куќа со отворањето на оваа продавница ја претстави и новата capsule колекција “Jadior Tulum” специјално дизајнирана за новиот бутик, но она што најмногу воодушевува е внатрешното уредување и дизајн кое отскокнува од се што до сега можевме да видиме кога се во прашање луксузните бутици.