Лозано со нов хит - Надеж | Trendseteri
Menu

Лозано со нов хит – Надеж

Влатко Лозаноски – Лозано со нова песна „Надеж“

 

Влатко по четврти пат оваа година ги израдува неговите фанови и љубителите на убавата македонска музика со песната „Надеж“.

Музиката и аранжман на Лазар Цветкоски. Текстот е дело на Магдалена Цветкоска – Ена.

Повелете и уживајте во новиот хит – Надеж

Текст / Lyrics “Надеж”

Што е добро кратко трае знај,
но нашево нема да престане.
Само сакај ме, биди до мене
после сè што ние двајца поминавме.

Рефрен:

Ако има надеж,
ако има трошка надеж
ко првиот ден да сме јас и ти.
Ако има надеж, да се роди нова надеж
ќе бидеш до мене љубов ти. (2x)

По лицето траги од маскара
италог од кафе остана,
таа горчина што ме убива,
можеш да ја замениш со насмевка.

Рефрен:

Ако има надеж,
ако има трошка надеж
ко првиот ден да сме јас и ти.
Ако има надеж,
да се роди нова надеж
ќе бидеш до мене љубов ти. (2x)