Луи Витон го отвора својот прв ресторан | Trendseteri
Menu

Луи Витон го отвора својот прв ресторан

Модната куќа влегува во угостителството со Le Café V

 

Луксузната модна куќа Луи Витон влегува во бизнисот со угостителство со отварање на својот прв кафе ресторан во Осака, Јапонија, на чело со познатиот готвач Јасуке Суга. Оваа информација е потврдена од главниот извршен директор на Луи Витон кој исто така изјави дека брендот во иднина планира да отвори ланец хотели и ресторани низ светот. Le Café V на Луи Витон свечено ќе биде отворен на 15-ти февруари.