Фризури за ова лето | Trendseteri
Menu

Фризури за ова лето

Најдобрите летни фризури за долга коса


Долгата коса и брановидната фризура се одлична комбинација. Но, кога надвор е премногу топло сигурно не ни помислувате да ги пуштите вашите локни. Па, погледнете ги овие фризури кои изгледаат прекрасно, а се одлични за топлите летни денови.


Високо опавче

Оваа класична фризура ѝ стои добро на секоја девојка. Фатете ја целата коса на горниот дел од главата и фризурата е готова.


Ниско опавче

Оваа фризура не бара никакви вештини. Само поделете ја косата на средината и соберете ја во ниско опавче.

 


Плетенка од страна

Лабавата, „испуштена“ плетенка е одлична за на плажа, долго трае и е совршена за топло време.

 


Залижана назад

Овој изглед на влажна коса станува навистина популарен. Без разлика дали вашата коса е веќе влажна од базенот или ефектот ќе го постигнете со гел, без сомнение ќе изгледате неверојатно.

 


Плетено опавче

Ако ви е здодевно обичното опавче, секогаш можете да направите плетенки од него.