Правила за облекување во текот на летото | Trendseteri
Menu

Правила за облекување во текот на летото

Неколки модни заповеди за да ги преживеете летните горештини


Летото е тука, а температурите веќе се навистина високи. Ако чувствувате тешкотии при движењето по улиците, треба да обрнете внимание облеката да ви биде соодветно избрана за да не ви предизвика дополнителна нервоза.

Лесни материјали, светли бои, шорцеви и сандали и подготвени сте за целодневни прошетки.

 

Лелеави парчиња облека

Од макси фустани до шалвари и широки маички, сè што е лелеаво е препорачливо.


Лесни материјали

Најдобро е да носите облека изработена од памук, затоа што овој материјал ѝ дозволува на вашата кожа да дише. Исто така, и ленот е совршен за топлите денови. Избегнувајте ги синтетичките материјали.


Шорцеви

Шорцевите се најкорисното парче за во лето. Внимавајте да се од лесен материјал.


Светли бои

Темните бои апсорбираат повеќе топлина, затоа изберете нешто светло. Колку посветло, толку подобро, а, се разбира, белата боја е задолжителна.

Шапки

Не само на плажа, туку и за прошетки во градот, шапките се совршени. Ќе ја штитат вашата глава и лице од штетните сончеви зраци.


Сандали

Фрлете ги затворените чевли и дозволете им на вашите стапала да дишат. Шик сандали може да носите дури и на работното место, ако нема строг дрес код.


Минималистички накит

За да го комплетирате летниот изглед потребен ви е накит, но тој нека биде минималистички за да не ви ја иритира кожата на високите температури. Масивните парчиња избегнувајте ги во летните денови.