ЛеБрон Џејмс - Најплатениот кошаркар во НБА лига | Trendseteri
Menu

LeBron James

ЛеБрон Џејмс – Најплатениот кошаркар во НБА лига

 

Американскиот кошаркар ЛеБрон Џејмс (роден на 30 декември 1984 г.) кој моментално настапува за екипата на Кливленд Кавалирс, е најплатениот кошаркар во НБА лигата за неверојатни 30.96 милиони долари на сезона. Во сезоната 2011/2012, со својот тим Мајами Хит, Леброн Џејмс го освои шампионскиот прстен на НБА лигата. Тој беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија.

Летото 2012 година, со репрезентацијата на САД, Леброн Џејмс го освои златниот олимписки медал на Олимписките игри во Лондон, победувајќи ја во финалето репрезентацијата на Шпанија.

Во јануари 2013 година, со постигнатите кошеви на мечот помеѓу Мајами Хит и Голден Стејт Вориорс, Леброн Џејмс постана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал 20.000 поени и 5.000 асистенции. На тој меч, Џејмс постигнал 25 поени, 10 асистенции и 7 скокови. Претходно, Џејмс постанал и најмладиот играч на НБА кој постигнал 1.000 поени, а потоа и 10.000 поени. Инаку, тој е тринаесеттиот кошаркар на НБА-лигата кој остварил 20.000 поени и 5.000 асистенции. Во февруари 2015 година, на натпреварот против Детроит Пистонс остварил 11 додавања, со што дошол до вкупно 6.142 додавања во кариерата, соборувајќи го рекордот на Скоти Пипен.