Лажен живот пред сè | Trendseteri
Menu

Лажен живот пред сè

Кога живееш лажен живот, не живееш


Луѓето кои умеат да манипулираат со туѓи животи прекриваќи го сопствениот лажен, не се ни вредни да го живеат.

Кај нас многу бракови се склучени од интерес. Без оглед дали е тоа со умисла партнерот финансиски да се искористи, или преку партнерот да се дојде до подобар личен статус. Тие луѓе се спремни да уништат туѓи животи, без оглед на штетата,  па дури и по цена на животите на сопствените деца кои се прават само како алатка за стекнување на доверба од страна на партнерот. 

Има болни умови, кои од лична корист прават деца. Има болни умови, кои ги местат партнерите да се задолжат. Има болни умови кои одат до тој степен, партнерот да го ме местат да отплаќа кредити за сопствено збогатување, макар било и по цена на лихва. 

Тие луѓе не вредат да се споменуваат. Но вината не е кај нив. Вината е во тие кои го премолчуваат и одобруваат тоа. 

Лажните бракови се честа појава кај нас и опстојуваат поради нашата средни. Што ќе кажат родителите, комшиите, но најчесто поради децата. За мир во куќа, нели.

Иако тие деца нема да оформат никогаш цврст карактер бидејќи растат во нездрава и лажна средина, родителите свесно или не, спремни се нивните животи да ги уништат.

Цехот за лажните бракови секој си го плаќа сам. Но цената е највредното нешто што постои. Сопствениот живот.

Дали се работи за Даниел и Марија, или Мартин и Елена. Лажниот живот е дел од нашата средина. Сите ние имаме пријатели околу нас кои си ги вараат партнерите, а ние го одобруваме молчејки. 

Но во тој момент не треба да сме изненадени кога ќе се појави Бојан кој е пријател на сопругот и си ја земе слободата да побара повеќе отколку обична дружба. Тоа е резултат на лажниот брак. Ќе премолчите и ќе го оправдате. 

Доколку се пожалите на партнерот, често може да добиете и болно оправдување.

Гледаме фотографии по социјалните мрежи како се забавуваат лажните бракови по одмори, мислеќи дека се тоа идеални парови. До тој степен да им завидуваме. Но реалната слика е друга.

Бракот е заедница. А заедницата во форма на брак е создадена од двајца. Заедница која ствара и гради иднина, а не да прави секој што сака и со кого сака. Доколку е тоа така, вие не сте спреми за една таква заедница.

Во моментот кога сте се одлучиле да го варате партнерот, истиот не е вреден да бидете со него, т.е. тој да биде со вас.

Но реалноста го докажува спротивното. Се толерира и премолчува. Се прифаќа за мир во куќа. Жално и трагично. 

Имајте на ум. Кога сопругата Елена се гледа со Бојан, сопругот Мартин се гледа со Мартина.

Но на крај има една ствар од која мора да се откажете.

Сопствениот реален живот, за да го живеете лажниот!

Elena Bojkova, Елена Бојкова, Martin Bojkov, Мартин Бојков