Латекс, пвц, лакирана кожа – парчиња со кои ќе бидете „ин“ оваа сезона
Ви претставуваме избор на тренди здолништа, капути, панталони, јакни од лакирани површини
Лакирана кожа, пвц, латекс, односно сите материјали со висок сјај оваа сезона се хит помеѓу славните трендсетерки.
Посебно се популарни пластифицирани и лакирани мантили и капути, како и здолништа со должина до под колената. Разгледавме што нудат некои од најголемите дизајнерски имиња и за вас одвоивме 10 парчиња.
Во нашата галерија ќе најдете лакирани мантили, јакни, здолништа и панталони со висок сјај и квалитетно направени со потпис од најценетите моднни брендови, помеѓу кои се Marni, Miu Miu, Staud и други…