Роналдо го купи најскапиот автомобил на свет | Trendseteri
Menu

Роналдо го купи најскапиот автомобил на свет

Уникатниот „Bugatti – La Voiture Noire“ во сопственост на Роналдо


Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо одамна е познат како љубител на брзи и луксузни автомобили.

Тој минатата недела го купи единствениот „Bugatti – La Voiture Noire“ (црниот автомобил) во вредност од 11 милиони евра.

Фудбалерот поседува веќе голем број на екстремно скапи возила во кои се бројат:

  • еден „Bugatti Veyron„ во вредност од 2,3 милиони евра
  • еден „Bugatti Chyron“ во вредност од 2,86 милиони евра
  • едно „Ferrari F12 TdF“ во вредност од 600.000 евра
  • едно „Ferrari 599 GTO“ во вредност од 500.000 евра

Перформансите на овој единствен од неговиот модел кој беше презентиран на автомобилскиот салон во Женева се неверојатни 1.500 кс со максимална брзина од 420 км/ч.

Останува времето да покаже кој автомобил ќе биде следен во колекцијата на Роналдо.