Кајли Џенер го продаде мнозинскиот удел на Kylie Cosmetics | Trendseteri
Menu

Кајли Џенер го продаде мнозинскиот удел на Kylie Cosmetics

Најмладата милијардерка стана уште побогата

 

Најмладата милијардерка според Forbes, Кајли Џенер го продаде мнозинскиот удел на Kylie Cosmetics и стана уште побогата. Вчера е потврдено дека гигантот за убавина Coty за 600 милиони долари купил 51% од Kylie Cosmetics и со тоа станува мнозински сопственик на брендот кој го основа Кајли Џенер.

Имено, најмладиот член на Кардашиан – Џенер го основаше овој бренд уште во 2015 година и доживеа невиден успех. Благодарение на нејзината популарност, нејзините производи се продаваа за само неколку минути од нивното лансирање на пазарот. Дали Kylie Cosmetics сега кога Кајли веќе не е мнозински сопственик влегува во нова ера, останува да видиме.