Кун од дуото 2Бона заробен од актрактивна докторка | Trendseteri
Menu

Кун од дуото 2Бона заробен од актрактивна докторка

Урбаните момци 2Бона со нов видео запис за “Фрик”

Урбаните момци кои го донесоа кај нас новиот модерен звук, следејќи ги светските музички трендови; Хип Хоп, РНБ, Трап и Регетон, Марио Јелиќ (Кун) и Антонио Стојановски (Тони) познати како Два Бона, најголемото освежување на македонската сцена, дуото кое ги полни клубовите до последно место, тука и надвор од државата, денес на големо задоволство на нивните фанови го промовираат новото видео за песната “Фрик”.

Продуцент на песната е Cheketz Beats, текстот е на Два Бона. Спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски – God Eye Production. Локацијата на спотот е во Велес во една напуштена болница.
Спотот е со една несекојдневна приказната во која секси докторка го држи Кун заробен во лудница и му прави експерименти со разни препарати, но доаѓа Тони го спасува него, ја киднапира докторката и ја носи на друга локација, и ги прави истите работи што и таа на Кун. Спотот на крај завршува како таа е луда и фрик и завршува во лудница.

Девојката што во спотот се појавува во улога на секси психијатар, не ретко нарекувана скопската барбика, е една од најубавите професорки во Скопје – Калтрина Круезиу Балаш. Мајка, сопруга, професорка по солфеж и диригирање во средното музичко училиште “Илија Николовски – Луј”, мејкап артист и една од најплатените инфлуенсерки кај нас во Македонија.