Леонардо ДиКаприо ја продава неговата куќа во Студио Сити | Trendseteri
Menu

Куќата на ДиКаприо на продажба

Леонардо ДиКаприо ја продава неговата куќа вредна 2.4 милиони долари

 

Оскаровецот ја стави на оглас за продажба неговата куќа во Калифорнија, вредна 2,4 милиони долари. Од надвор скромната, но многу модерна куќа во Студио сити има 316 квадрати и ги има сите луксузни детали, од потполно наместена кујна со дрвени греди до дневната со француски врати кои се отвораат и излегуваат дирекно на базен. Куќата е скриена во шума, подот е од бамбус, ѕидовите се од стакла, скапо опремена дневна соба, спална соба, и секоја од нив има камин. Прозорите од под до плафон овозможуваат прекрасен поглед на природа и создаваат впечаток дека сте надвор и кога сте внатре.

Ова е втора некретнина по вилата на Малибу во вредоност од 11 милиони долари, што ја нуди ДиКаприо за продажба во период од само 2 недели. По негова изјава не се работи за финансиски проблеми, туку за тоа што немал време да престојува во нив и по половина година.