Креативни идеи за стилски нокти | Trendseteri
Menu

Креативни идеи за стилски нокти

Француски маникир – синоним за елеганција и стил

 

Класичниот и елегантен маникир кој никогаш не излегува од мода и речиси секогаш одговара со било која облека е добропознатиот француски маникир. Тој претставува синоним на елеганција и стил.

Средените нокти се секогаш приоритет на секоја дама, без разлика на нејзината возраст. Тие се огледало на вашиот изглед и верувајте, кажуваат многу за една личност. Но, како што се менува модата, така се менуваат и трендовите во негата на ноктите кај една дама.

Ние издвоивме неколку креативни идеи како би можеле да го носите вашиот омилен француски маникир на еден сосема поинаков начин.