Кое млеко е најздраво?
Одговорот на прашањето кое млеко е најздраво може да ве изненади. Доколку мислите дека бадемовото и соиното млеко се многу поздрави од кравјото, се лажете.
Кравјото млеко всушност има најмногу бенефити. Во него се крие голема количина на протеин кои се храна за мускулите, а исто така содржи и калциум кој е важен за коските. Витамините B12 и А кои се исто така во големи количини во млекото ни го чуваат видот и срцето.
Доколку не можете да го пиете кравјото, следно на листата е соиното млеко. Содржи приближно иста количина протеини како кравјото.
Овие два вида на млеко се најдобра опција, додека останатите се малку похранливи од филтрирана вода.
Потоа доаѓаат бадемово, оризово и овесно млеко. Предноста на овесното млеко е тоа што содржи бета-глукан, еден вид влакна за намалување на холестеролот.
Млекото од житарици е сепак полоша опција од кравјото бидејќи содржи повеќе јаглени хидрати и има висок гликемиски индекс, што значи дека има поголем ефект врз нивото на шеќер во крвта. Кокосовото млеко содржи заситени масти кои не се добри за срцето, а содржи и малку протеини и шеќери.
Калории во 100мл млеко:
Полномасно кравјо млеко – 67 калории
Млеко од ориз – 61 калорија
Соино млеко – 61 калории
Овесно млеко – 46 калории
Нискомаслено соино млеко – 37 калории
Нискомаслено кравјо млеко – 34 калории
Бадемово млеко – 29 калории
Кокосово млеко – 23 калории
Незасладено бадемово млеко – 16 калории
Приближно хранливи како бадемовото млеко се млекото од орев, лешник, ф’стак, индиски орев или кикиритки.