Шик комбинации за освежување на вашиот изглед
Сите модели од кожа се “ин” оваа сезона, а така ќе биде и следната година. Со вакво парче во главната улога секој ваш стајлинг, без дилема, ќе биде забележан.
Кожните здолништа можат да се комбинираат на безброј начини, а ние ви носиме неколку предлози кои можат да ви послужат како инспирација за вашиот следен стајлинг.
Викторија Бекам направи комбинација за чиста 10ка.
Џемпер, чизми над колена и кожно здолниште се полн погодок.
Кожното здолниште одлично изгледа во комбинација со холахопки со принт, кои се исто така тренди оваа година.
Овој крој е многу популарен оваа сезона и во комбинација со класична бела кошула даваат одличен стајлинг.
