Кошула наместо фустан? | Trendseteri
Menu

Кошула наместо фустан?

Стилот на Ирина Шејк

Преубавата русинка Ирина Шејк со нејзиниот стајлинг и изглед секако, го привлекува целото внимание кога и да посака. Таа тоа го прави со многу едноставни потези, а во овој случај само еден потег беше доволен за полн погодок.

На афтер забавата што беше одржана во Велика Британија после доделувањето на наградите за најдобар моден дизајн, Ирина Шејк се појави во друштво со нејзиниот долгогодишен пријател Ричард Тисци – креативниот директор на модната куќа Бурбери, кој ден претходно одржа голема ревија во Лондон. Ревија на која секако, се прошета и Ирина.

Ирина се појави во светлосина кошула и штикли во иста боја. Испод кошулата носеше мини црни шорцеви, кои наликуваат на бициклистички хеланки.