Често поатрактавни! Затоа нема потреба од криење на мали гради | Trendseteri
Menu

Често поатрактавни! Затоа нема потреба од криење на мали гради

Костими за капење кои се најдобри сојузници на сите жени со мали гради


Сезоната за одење на плажа и за пливање е официјално отворена. И додека поголемиот дел од жените ги сметаат стомакот, колковите или задникот како свои проблематични делови од телото, постојат и оние кои имаат „проблеми“ во делот на деколтето, бидејќи не можат сите жени да се пофалат со големи гради. Иако сметаме дека малите гради може да бидат многу поатрактивни!

Добра вест за сите жени со мали гради е дека оваа сезона нема да имаат потешкотии во пронаоѓањето на идеалниот костим за капење во кој ќе се чувствуваат прекрасно и секси без да размислуваат за големината на своите гради. Со изборот на вистинскиот модел, малите гради ќе се прекријат, а на вашата самодоверба ќе ѝ нема крај.

Големите карнери полни со волумен и понатаму се главниот тренд за оваа сезона, па освен блузите и копулите, тие исто така ги красат и костимите за капење. Нема парче облека кое карнерите нека да го направат попривлечно и позанимливо.

Тие се идеален избор за сите жени со мали гради, бидејќи карнерот ќе го зголеми волуменот околу градите, а истовремено ќе му даде и длабочина на деколтето. Моделите со карнери посебно се убави, бидејќи ги нагласуваат рамената и изгледаат заводнички и женствено.