Комбинирање на храната | Trendseteri
Menu

Комбинирање на храната

Постои ли правилно комбинирање на храната?

 

Постојат многу стравови кај повеќето од нас наметнати од диети и краткорочни стратегии за слабеење. Но, вистината е многу едноставна. Се додека во исхраната ги има сите потребни хранливи вредности, телото нема да се “побуни” како ги комбинираш. Тоа е повеќе прашање на вкус отколку што е поврзано со некакво правило.

Јас во оваа статија повеќе сакам да зборувам за тоа како да направиш правилно комбинирање со цел да го задоволиш твоето тело калориски и нутритивно. Затоа издвоив 3 стандарди важни за мене кои што сакам да ти ги споделам.

Разнобоен зеленчук со малку масти

Голем дел од овошјето и зеленчукот содржи соединенија каротеноиди. Тоа се природни пигменти што на храната ѝдаваат убава боја. На пр., на доматите боја им дава ликопенот, на морковите бета-каротенот, а на спанаќот лутеинот. Овие важни соединенија се растворливи во масти. Тоа значи дека кога зеленчукот го јадете во комбинација со малку масти, телото апсорбира поголема количина каротеноиди. Така, на пример, во салата може да додавате здрави масти од авокадо или од маслиново масло. Целосно ќе се апсорбираат каротеноидите што ги има во марулата, морковите и доматите.

Витамин Ц со зеленчук и житарки што содржат железо

Во храната железото го има во две форми. Едната е „хем“ железо и го има во риба и месо и полесно се апсорбира во телото во споредба со „не-хем“ железото што го има во некои зеленчуци и житарки. Телото подобро го апсорбира железото ако во комбинација со некој извор на не-хем железо внесете и малку витамин Ц. Така, доматите во чили сосот ќе ви помогнат да го апсорбирате железото од гравот. Јаготките ќе ви помогнат да го апсорбирате железото од житарките. А железото од спанаќот подобро ќе го апсорбирате ако во салата со спанаќ додадете некое тркалце портокал или грејпфрут.

Комбинирање на риба и листест зеленчук

Кога пиете млеко збогатено со витамин Д, тој ви помага калциумот од млекото добро да се апсорбира. Но, калциумот и витаминот Д може да ги искомбинирате на уште подобар начин: со риба и зеленчук. Витамин Д има во масна риба како што се лосос и скуша, а калциум во листест зеленчук како што се  листови од трупка, листови од блитва и кељ. Со комбинирање на овие видови риба и зеленчук на телото ќе му помогнете да го апсорбира калциумот од зеленчукот.

И се разбира постојат уште илјадници начини како да правите комбинации. Запаметете дека во телото не постои неправилна комбинација. Колку се поразнобојни твоите оброци толку повеќе придобивки за тебе.

Јосиф Дамјанов