Старките се модниот финиш на секоја урбана комбинација
Старките се модниот финиш на секоја урбана комбинација, па и ова лето остануваат на актуелната, тренди сцена помеѓу жените.
Лесни се за комбинирање и со класични панталони, и со фармерки. Посебно сексапилно делуваат на разголени нозе во кратко фустанче или тексас здолниште.
Ако работното место ви дозволува, лесно може да ги носите и со комплет одело или сако, за малку поелегантен изглед.
Изборот е огромен, а инспирацијата непресушна. Како може да ги комбинираме?