Колку жените се сексуално вознемирувани? | Trendseteri
Menu

Колку жените се сексуално вознемирувани?

Шамарањето дома, “пипкањето” во диско и свиркањето по улици станува нормално секојдневие

 

Шамарањето дома, “пипкање” во диско, свиркање по улици, уценување студентки, “пуштање” во автобус… се само дел од секојдневието со кои се соочуваат жените низ улиците на Скопје, а се почести се и коментарите со сексуална конотација на колегите на работното место. Сите овие работи придонесуваат жената да се чувствува непријатно, недостоинствено и ја ставаат во подредена позиција во однос на тој што ја вознемирува.  Со колку ли само сексуални вознемирувања се соочуваат жените на дневно ниво?

Со тоа се занимава и Bombshell, филмот кој го прикажува случајот на основачот на Fox News, Роџер Аилес, после откривањето за неготовот сексуално вознемирување на жените во телевизијата.

Благодарние на овој филм, а исто така и на серијата The Loudest Voice се повеќе се говори за сексуалното вознемирување на жените, а искуствата покажуваат дека за вакви невкусни коментари не се бира ниту време, ниту место – дома, во најраните школски денови, факултети, на работа, на лекар, во јавниот превоз, во кафичи и дискотеки…

Од страв од отказ, срам од околината, од блиските, од потесното семејство, дека можеби тие го предизвикале случајот, оти кај нас перцепцијата е дека најчесто жената е таа која што го предизвикува сексуалното вознемирување и дека тие ќе бидат обвинети за тоа што им се случува. Дури веќе и самите жени не се ни свесни што им се случува и сето тоа на некој начин станува нормално.

Па дали е тоа нормално бре луѓе?!

Соберете храброст и реагирајте во сите вакви ситуации – прекинете ја врската или бракот доколку ве малтретира партнерот, документирајте ги овие случаеви, или пак дајте отказ доколку тоа се случува на работното место, разговарајте со најблиските и објаснете им ја вашата ситуација… Решението не е лесно, но постои и треба да се борите. А не да живеете со тоа!