Валентајн викенд во Angels Café
Денеска, според православниот календар, кај нас се слави Св. Трифун, заштитникот на лозарите, додека според католичкиот календар, речиси низ целиот свет се празнува Денот на вљубените – Св. Валентин. Ден на винарите или ден на вљубените?
Тешко е да се одлучи. Но лесно е да се каже. 14 февруари е денот на среќата, убавината и емоцијата, материјализирани преку цвеќе, вино и кажување на љубов.
За кој празник и да се одлучите, прославете го со многу радост, среќа и љубов. Во нашата неделна рубрика “Коктел на неделата” ви препорачуваме прекрасен романтичен амбиент во Angels Café во Штип и одличните Валентајн коктели кои ги смислија нивните коктел мајстори.
Kiss Me
40 мл. Сируп од јагоди
60 мл. Текила
30 мл. Свеж сок од лимета
Sweet Love
40 мл. Сируп од кокос
40 мл. Водка
20 мл. Свеж сок од лимета
20 мл. Аперол
Да наздравиме за љубовта и виното.