Коктел на неделата: Негрони | Trendseteri
Menu

Коктел на неделата: Негрони

Наполнете енергија за викендот

 

Еден од најпознатите коктели во светот, Негрони е одличен аперитив за пред вечерата. Богат вкус што ќе ви го отвори апетитот за со мерак да го конзумирате последниот оброк вечерва и да се подготвите за забава и за викендот што следува.

Потребни состојки:

30 мл џин

30 мл вермут

30 мл Кампари

Во специјална чаша за мешање на коктели или во шејкер ставете неколку коцки мраз и додајте ги џинот, вермутот и Кампарито. Промешајте 10 секунди.

Во претходно разладена ниска олдфешн чаша прецедете ја течноста и декорирајте со кора од портокал.

Вистинска магија!