Коктел на неделата: Космополитен | Trendseteri
Menu

Коктел на неделата: Космополитен

Популарниот коктел од серијата “Сексот и Градот”

 

Космополитен е еден од светските популарни коктели кој претставува вистинско освежување. Софистициран коктел базиран на водка и зачинет со аромата на портокал и брусница.

За прв пат е направен во Сан Франциско, а големо влијание за неговата популарност има серијата “Sex and the City” (“Сексот и Градот”), во која главните актерки често порачуваат Космополитен за време на нивните забави. Накратко се нарекува Космо.

Потребни состојки:

40 мл. Водка или Водка со вкус на цитрон

20 мл. ликер од портокал (Cointreau или Triple sec)

15 мл. свеж сок зелен лимон

30 мл. сок од брусница

Кора од портокал или лимон за декорација

Космополитен се служи во изладена мартини чаша. Во чашата става мраз и остава да стои додека се приготвува коктелот. Сите состојки се шејкаат (10-20 секунди) со многу мраз. Мразот од чашата се истура и се процедува течноста од шејкерот. Се декорира со кора од портокал или лимон. Наздравје.